дома СПОРТ Спортски легенди Дејан Ангеловски-Атлетика

Дејан Ангеловски-Атлетика

0

ДЕЈАН АНГЕЛОВСКИ-АТЛЕТИЧАР,најтрофеен спортист од ИЛИНДЕН
Како атлетичар започнал на 15 годишна возраст во Скопје во АК Работнички од Скопје каде е сешуте активен член, за време на повремениот престојот во Белград 2000 и 2001 година бил член на АК Безбедност и АК Партизан од Белград.
Како атлетичар 20 години првак на Македонија во дисциплината фрлање копје и повеќе пати првак во останатите фрлачки дисциплини како и штафети.
Бил рекордер на Македонија во фрлање копје во сите категории , а сеуште актуелен рекордер на Македонија во фрлање копје за Младинци со резултат 68.10м, во 1995 година, под 23 години 74.90 во 1998година и за Сениори 76.46м, во 2001 година , потоа е рекордер на Макдеонија во фрлање ѓуле во сала со резултат 15.24м во 2004 година,
Репрезентатвец на Р.Македонија во атлетика 19 години во дисциплините фрлање копје, диск, ѓуле и кладиво со повеќе од 50 настапи.
Освојувач на првиот медал од осамостојување на Република Македонија на првиот официјален натпревар 1996 година Балканко првенство за сениори. Покрај тој медал освоени се уште 4 медали од Балканските првенства 3 место 1996 година во Ниш, 2 место 1999 година во Истанбул 2001 година Тиба, 2003 година во Грција 2005 година во Нови Сад , учесник на 12 и освоени 4 медали од Европските екипни првенства Нови Сад, Белград, Банска Бистрица, Истанбул, 2 медали од Европски клупски првенства 1996 Атина 1997 Истанбул, учесник на Европско првенство за младинци во Ниреџхазе 1995 година, Европско првенство за Сениори во Будимпешта 1998 година и најдобар пласман освоено 21 место, Универзијада во Катаниа 1999 година, Светско првенство за сениори во Хелсинки 2005 година, истата година е освоен и последниот медал за Македонија од БП за сениори до денес, освоени повеќе медали од силни атлетски митинзи како на балканот така и пошироко и рекодер на некоlку митинзи,сеуште актуелен првак во дисциплините фрлање копје и кладиво и учесник на Европско екипно првенство во 2013 година .
Не успеа да исполни Олимиска норма за 10 см за ЛОИ во 2000 година во Сиднеј, и 1.04м за ЛОИ во 2004 година во Атина.
Од 2004 година до ден денес е Генерален секретар во Атлетската федерација на Македонија.
Како атлетски тренер од 2007 година во АК Работнички од Скопје има созададено повеќе државни прваци како репрезентативци посебно со помладите категории.
Во периодот од 2010 до 2014 година одговорен за атлетика на Училишниот спортски камп за репрезентативци за основни и средни училишта – популација машки и женски, организиран од Валадата на Р.М., Агенција за Млади и Спорт и Федерација на училишен спорт на Р.М.
За неговото успешно спортско и атлетско работење има
добиено многу награди од спортско друштво Работнички најуспешен спортист, Најуспешен спортист за млади категории од Град Скопје и Република Македонија, прогласуван повеќе пати помеѓу најуспешни спосртисти на Град Скопје, признание од Атлетската федерација на Македонија, признание од Општина Илинден и Општина Газа Баба за афирмација на Општините, како и награда спортски оскар за најуспешно спортско основно училиште во Р.Македонија.
Завршил високо образование ,Факултет за Физичка култура во Скопје

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version