дома СПОРТ Спортски настани и занимливости Денес се одржа 16 -то издание на „Скопскиот маратон“

Денес се одржа 16 -то издание на „Скопскиот маратон“

0

Победници  на овогодинешниот „Скопски маратон“.се:

Украинецот Серхиј Шевченко во машка конкуренција со време од 2;22:49 часа, и

 Албанската атлетичарка Луиза Гега кај женска конкуренција со време  2:35:34 часа.

Нашиот Петре со стартен број 1294

За нас е многу битно што на овој маратон настапи и еден од најдобрите маратонци од нашата средина Петре Завировски од Миладиновци-Илинден, кој постигна солиден успех.

По 21-ви пат во кариреата Завировски настапи на полумаратонска трка. Овој пат на 4-ти Октомври патеката долга 21.097км ја мина за 1 час 33 минути и 14 секунди..

Петре е презадоволен од постигнатото и најавува прогрес во наредниот период. Ова е прв негов полумаратон по повеќе од 2 години. Тој потврди дека ќе настапи и на трката на 5км во чест на 23 Октомври денот на Македонската револуционерна борба

Иако не е меѓу првите,сепак треба да бидеме задоволни од постигнатото ,ако се знае дека Петре беше долго отсатен  од ваквите натпреварувања поради повреда.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version