дома СПОРТ Спортски настани и занимливости Победија, добија пехар и чек, а пари не!

Победија, добија пехар и чек, а пари не!

0

Ова и се случи на екипата во мал фудбал„Компанија Атанасовски“  од Илинден.

Екипата победник на турнирот во мал фудбал „Скопје 2018“ што се одржа лани во Ново Лисиче веќе една година ја чека наградата за првопласираниот од 160.000 денари Ова го тврди Влатко Петровски,  кој  настапи за победничката екипа „Компанија Атанасовски“ , тој и неговите колеги од победничкиот тим се уште не можат да си ја земат заслужената награда.

Општина Аеродром за овој случај вели:

– Парите за награди ние ги имаме, но поради административни пречки не можеме да ги исплатиме. Имено, законските прописи велат дека наградите мораат да бидат исплатени преку здружението „Ново Лисиче 2012 КБС“ кое е организатор и затоа не можеме директно да им ги доделиме на победниците. Тоа здружение не е регистрирано за вршење дејност спорт како што мора да биде, за да ни биде дозволено да  ги префрлиме парите од наградите.

Ако се знае дека за секој собир на луѓе разни турнири и други спортски и културни настани надлежен државен орган издава одобрение –дозвола за одржување ,се поставува прашањето како е издадено одобрение некој да организира турнир , а да не е регистрирано за таква дејн ост.

И, на крајот каде е решението за овој случај.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version