На 5 јуни 2019г. завршиа Сеславјанските спортски игри – “V World Junior Compatriot Games 2019″во градот Ханти-Мансијск, Русија, на кои настапија наши спортисти-пливачи во категорија родени 2004-2005година.
Покрај другите од Македонија настапи Петар Атанасовски, член на ПК Пилот Свим – Скопје, инаку жител на населба Илинден .
На пливачкиот дел од игрите учество земаа преку 600 пливачи од 61 држава во светот. Во големата конкуренција нашиот сограѓанин Петар Атанасовски постигна голем успех и со свои најдобри времиња, го постигна следниот успех:

Петар Атанасовски
10-место на 100м слободно
7-место (финале) на 50м слободно
На истиот турнир учествуваше уште еден натпреварувач од Македонија Кирил Китановски , кој исто така ги постигна следните резултати:
20-место на 100м слободно
19-место на 50м слободно