дома СПОРТ Спортски клубови и школи Фудбалска Школа Виктори

Фудбалска Школа Виктори

0
ФУДБАЛСКА ШКОЛА,ФК ВИКТОРИ
Во нашата средина постојат повеќе спортски клубови ,спортски школи од разни спортски дисциплини, денес ќе Ви ја преставиме ФУДБАЛСКА ШКОЛА,ФК ВИКТОРИ-МАРИНО.
Техничка припрема на фотографија, Филип Насковски.
Фудбалската школа ФК Марино функционира подолго време на чело со тренерот Виктор Кравченко,кој поседува УЕФА Б и УЕФА А лиценца и воедно е магистер по кинезиологија. Оваа школа во 2017 се преименува во FK Victory се со цел да им се понудат подобри услови за работа и натпреварување на децата кои се членови. Како школа има реализирано повеќе турнири во Македонија: Fer Play Cup – Охрид, Karaorman Cup -Струга, Mondano Cup – Скопје,но и интернационални во Ниш итн. Иако примарна цел на оваа школа е воведување, учење и напредување во фудбалската игра на секое дете – член на оваа школа, а споредна постигнување резултати, сепак вредно е да се напомене дека гeнерација 2006/2007 има освоено прво место на Mondano Cup. Покрај многуте турнири FK Victory Marino, учествува во официјални детски лиги во Скопје, се со цел да им се овозжожи на играчите континуиран напредок. Инаку оваа школа има склучено договор со ФК Македонија Ѓорче Петров, каде што и дел од членовите 2002/2003 генерација се натпреваруваат. Мото на ФК Виктори – Марино е: преку напорна работа и дисциплина до континуиран напредок во фудбалот.
Сите деца кои се заинтересирани да станат членови на оваа фудбалска школа се добродојдени.
Моментално школата учествува на Караорман Купот во Сруга.
Населба Илинден им посакува успех!

 

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version