дома Култура Литература и Уметност Јордан Здравковски,уметник-аматер

Јордан Здравковски,уметник-аматер

0

Јордан Здравковски-аматер уметник

Живее во населба Илинден ,потекнува од родот „Џиковци“.

Уште од ученичките денови имал склоност кон ликовните творби, а како љубител на уметност долги години ја раководеше ликовната секција при КУД Илинден-населба Илинден.

Во поново време се занимава со еден нов вид на уметноста изработка на дрвени предмети како работни маси,даски за послужување и друго кои се користат воглавно во  домаќинствата.

Неговите креаторски способности од обично дрво да направи уметнички предмет душевно го исполнува и си го пополнува неговото слободно време.

Најпрво започал со изработка на дрвени предмети од обични штици, а со време постојано трагал по дрва со подобар квалитет и така денес тој предметите ги изработува од благородни дрва: Орев,Цреша,Махогонија,Брест и други кои ќе му ги „фати“окото.

Инако тој е сопственик на МаркетОркo“ во населба Илинден , кој долги години успешно работи во снабдување со прехранбени артикли за населението.

Населба Илинден на Јордан,му искажува благодарност што придонесе да се збогати овој текс и му посакува добро здравје и да создаде уште многу уметнички изработки.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version