Неколку научни и докажани работи и некои народни верувања поврзани со Босилекот.Се верува дека е сојузник во борбата против депресијата, а ви помага и да се ослободите од насобраниот стрес.
Босилекот потекнува од Иран, Индија и други тропски региони на АзијаЗборот „босилек“ веројатно доаѓа од грчкиот збор за крал (βασιλεύς – „василеос“) бидејќи според легендите босилек никнал на местото кај што светите Константин и Елена го откриле светиот крст.
Еве повеќе причини зошто треба се одгледува босилекот-Добар е во борбата против депресија, кардиоваскуларен систем, за детоксикација на организмот, го подобрува варењето, го штити телото од настанокот на дијабетес, го регулира стресот, поседува антимикробни својства кои штитат од вируси и инфекции и друго.
А, во народот постои верување дека:
-Куќата во која се одгледува босилек не може да биде сиромашна.
-Исто така старите верувања велат дека оној кој наутро ќе консумира малку босилек ќе привлече благосостојба во текот на денот.
-Дека неговиот мирис ги брка комарците итн.
