-Едно од чудата на Свети Наум

0

Едно време, кога орачите од Св. Наумовиот манастир си орале на нивите, им дошла една мечка, и им изела еден од орачките волови.

Ралото или плужницата им останала со еден вол, та не можело веќе да се ора.

Орачот со трчање дошол во манастирот и го известил  егуменот, оти мечката дошла на нива, и  му го изела едниот вол.

– Сега немам – рекол орачот – со што да доорам нивата.

– Оди си ти на нива – му рекол егуменот, – тамо ќе си го најдеш волот во плугот, впрегнат во јаремот.

Орачот  отишол на нива, кога што да види? – Чудо големо! Мечката, што го изела волот, впрегната била на плугот во јаремот заедно со другиот вол. Орачот си доорал нивата со еднијот вол и со мечката до него, впрегната во јаремот.

И до ден денеска тоа чудо стои напишано на иконата Св. Наумова и на камењата под мостот Дримски, близу до манастирот.

(Легенда запишана од Кузман Шапкарев)

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version