дома Верувања и Обичаи Мистерии, легенди и преданија Легенда како Лагата ја преварила Вистината

Легенда како Лагата ја преварила Вистината

0

Спрема легендата пред многу векови се сретнале Вистината и Лагата.

Лагата и рекла на Вистината: „Колку е убав денешниов ден!“.

Вистината погледнала кон небото и воздивнувајќи и со олеснување заклучила дека денот е навистина многу убав.

И так двете поминале долг пат изминало многу време и  стигнале до еден бунар.

Лагата и се обратила на Вистината: „Водата е навистина убава. Ајде да се искапиме заедно!“

Тогаш заедно ги соблекле сопствените рува и влегле да се капат.

Наеднаш, Лагата излегла од водата, се облекла во рувото на Вистината и побегнала.

 Побеснетата Вистина истрачала од бунарот обидувајќи се да си го земе сопственото руво назад.

Но, попусто. Присутните, гледајќи ја голата Вистина ги вртеле своите погледи со осуда и бес.

Така Вистина се вратила во бунарот и засекогаш исчезнала.

Од тогаш, Лагата патува ширум светот облечена како Вистина, задоволувајќи ги потребите на општеството,а народот….

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version