дома Верувања и Обичаи Мистерии, легенди и преданија Легенда за „Ѓаволскиот Ѕид“-Овче Поле

Легенда за „Ѓаволскиот Ѕид“-Овче Поле

0

ЃАВОЛСКИ ЅИД

 Легенда за Ѓаволот и Господ
Според легендата Ѓаволот се обложил со Бог дека за една ноќ ќе изгради Ѕид и ќе ја пренасочи реката Брегалница преку ридот кон Овче Поле и ќе го поплави. Истата ноќ, Ѓаволот почнал да го гради Ѕидот и тоа го правел со таква брзина што немало сомнение дека ќе ја оствари својата цел. Бог откако видел дека заканата станува реалност, сакајќи да го спречи во намерата, предвреме разбудил еден петел кој пропеал и го најавил порано денот. Така Ѓаволот не успеал до крај да ја остари својата идеја, односно да го постави последниот камен од Ѕидот.
Легенда за Александар Македонски,за време на своите големи освојувачки походи, Александар Македонски бил предупреден од своите најблиски соработници да го сокрие големото богатство. Според легендата, се верува дека токму тука е сокриено богатството на големиот македонски освојувач. Самиот Ѕид наликува на тврдина, која „крие“ богатство, можеби и затоа во денешно време областа околу Ѓаволскиот ѕид е предизвик за бројни трагачи.
 Во близина на Ѓаволскиот ѕид, се наоѓа кладенец со „ Киселата Вода“чија вода, за која меѓу  локалното население се верува дека е лековита. Уште во периодот, кога војските на кралот Александар Македонски се враќале од своите бројни походи, ранетите војници ги лекувале своите рани од оваа вода. Овој извор постои и денес и сеуште локалното население го посетува и го почитува митот за лековитоста на водата.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version