дома Верувања и Обичаи Мистерии, легенди и преданија Легенда за изворот „Миочи“ во Kучково

Легенда за изворот „Миочи“ во Kучково

0
Поглед на Кучково

Во Kучково на само 15 километри од Скопје, во атарот на селото,постои  извор наречен „Миочи“ , за кој се верува дека помага за болни очи,тој е познат за мештаните ,а го посетуваат дури и луѓе од околните држави.

Легенда тука е и дека во околината на изворот имало дупка, наречена Kоњска нога, и која, наводно, останала откако Kрале Марко со својот коњ Шарец поминал крај селото.

Водата истекува од подножјето на поголема карпа преку една цевка и се слева во помало корито. Над изворот е направен мал покрив, а околу има клупа и маса. Тука обичај било луѓето, откако ќе земат вода, да оставаат облека, најчесто машки и женски маици, кои тука остануваат долго време. Речиси никогаш не се случило оставената облека некој да ја украде.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version