Според преданието на планината Баба под Пелистер живееле братчето Јорго и сестричката Флора тие имале свое стадо овци и среќни го напасувале по целата планина.
Еден ден братчето се изгубило, по што сестрата долго го барала. Но потрагата била безуспешна потрага, почнала непрестајно деноноќно да плаче и жали за својот загубен брат.
Непрекинато плачејќи, солзите се слевале во двете вдлабнатини во кои се создале две прекрасни езера.
Изнемоштана од тага, сестрата пред да почине ги видела убавите езера кои се создале и им проговорила – ако некогаш го видат нејзиниот брат, да му пренесат да се измие и напие од нивните води за така да може да го помилува.
Поради солзите на сестрата по непрежаленото братче, езерата биле наречени Пелистерски Очи.