Според народните верувања,мачките се познати како истерувачи на зли духови од домовите. Кога мачката се гали околу нозете, таа ја дели својата позитивна енергија со таа личност, всушност и ја пренесува, својата врз вас.
Затоа не треба да ја избуткате од Вас пазејќи се од нејзините влакна да не остане нешто ва вашата облека. За мачките се кажува дека тие се магични суштества, па доколку се плашите од уроци и дека некој ви посакува зло, тогаш галете ја вашата мачка со двете раце со тоа ќе се заштитите од злото.
Мачките се познати како чувари на куќата и истерувачи на зли духови.
Ако видите дека вашата мачка седи долго на едно место и гледа во едно исто место, тоа можеби е знак дека имате зол дух дома.
Во тој случај се препорачува поткадување на вашиот дома со сушен пелин.
Интересно за мачките е и дека најмногу се задржуваат на места каде што има негативна енергија па затоа во некои краеви се изведува имаат кога се вселуваат во куќа најпрвин пуштаат мачка да влезе во куќата, при што се верува дека мачката ќе ја елиминира негативната енергија.
Мнозина не сакаат мачка им го „пресече“патот ,особено ако истата е црна, но и за тоа постојат различни верувања, некои заобиколуваат по друг пат, некои се повраќаат за два-три чекори назад, па продолжуваат, а во некои земји па тоа го сметаат за среќа.
