Е еден од нај романтичните објекти во Истанбул кој почнал да се гради 1110 година на мало островче на Босфор, во водите каде се сретнуваат Црно и Мраморно Море.
Висока е 9 М, има 5 ката а пуштена е во употреба 1725 година. Во почетокот се користела како објект на кој се наплаќале давачки од бродовите.
Легендата говори дека на царот му се родила ќерка на која на третата вечер наречниците рекле дека таа ќе биде касната од змија и ќе почине. За да ја заштити тој ја носи во кулата на сред море и таа останува таму сама. Кога израснала во убава девојка во една прилика татко и, и пратил кошница со грозје во која кошница успеала да се скрие змијата, кој подоцна ја каснала девојката и таа починала.
Денес KIZ KULESİ има ресторани и се користи за организирање на разни културни настани, семинари, свадби и други веселби.
