-Обичаи при одгледување на децата поврзани со полот на детето.
Од најстари времиња до денес, добивањето на принова се сметало за најголема среќа и бериќет во фамилијата. Порано, браковите без деца ја оптоварувале брачната врска,затоа, најголемиот дел од брачните другари, биле приморани да посвојат, односно посинат новороденче.Ова пред се правело и тие родители да живеат во посреќен брак,но и за да имаат кому да се потпрат на стари години и кој да го наследи нивниот имот .Од најстари времиња ,а во извесна мера слободно може да се каже и до денес,особена радост било раѓањето на машкото дете.Со имањето на машките деца се поврзувало со продолжување на родот ,додека во постарите времиња женското дете се сметало дека се „туѓа стреја“,дека со време со невното мажење тие се одделувале и од родот. Во постаро време бракови само со женски деца , се практикувало во куќата да се доведе домазет. Доклоку некој од браќата немал машко дете , а имал само женски деца ,за да не се „цепи“имотот ,истиот го оставал на некое од машките деца на братот ,кој имал обврски пак да ги „чуват “на старост . Ова се практикувало некаде се до средината на 20-от век .Денес оваа практика е сосема напуштена и сите деца и машки и женски се со исти права и должности,родители спрема децата и обратно.
