-СКРИЕНИОТ БРНИЧКИ ВОДОПАД

0

Легендата вели

Во дамнешни времиња некој човек имал три сина кои своите стада овци и кози ги паселе на денешните локации на селата Маково, Рапеш и Брник.

Едниот од нив ги пасел на денешната локација на Старо Маково, другиот на локација на село Рапеш, а третиот во денешното село Брник.

 Тој што подоцна се населил во местото кое потоа го нарекол Маково бил на голема мака – оттаму Маково.

Вториот што се населил понаисток бил Рајат-Раат, па подоцна од тоа и произлегло името Рапеш. Третиот брат кој имал многу кози со брни под брадата, па оттоа произлегло името Брник. Оваа легенда ја раскажувале постарите жители во сите три села

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version