-Не го превртувај лебот наопаку,ова суеверие може да се поврзе и со религијата, што претставува парадокс, бидејќи лебот го претставува телото на Исус. Како последица се појавувале брадавици на рацете, одлив на пари-сиромаштија,а воедно лебот не треба да се остава на земја,за да не допрат до вас лоши вести.
-Леб никогаш не треба да се јаде во кревет, доколку останат трошки во креветот спиењето на креветот ќе биде со многу кошмари.
-Според некои суеверија,лебот купен за себе не треба да им се дава на соседите особено навечер,симболиката е дека при ова се дава и среќата на соседите.
-Лебот по правило треба да се крши,затоашто тој се смета за божји дар,а не да се сече со нож, да не се подава кришка леб забодена на вилушка или нож,бидејќи носи лоша среќа.
-Ако сечете леб,тоа секогаш да се прави само од едната страна на лебот,за да остане богатството во вашиот дом.Краевите од лебот да ги изеде член од семејството ,срежата да остане во домот.
-Според
народните верувања никогаш не треба да се фрла леб,тоа се смета за голем грев и
може да донесе лоша среќа во домот.Трошките од лебот од масата и лебот што ви е
вишок треба да се даде на птиците зошто се
смета дека птиците ја симблизираат душата на покојните.
