Во народните верувањаа петелот е многу почитувано животно, затоа што се верува дека е симбол на среќа и напредок.
Се верува дека ноќта, пред да пропеат првите петли, демоните – ѓаволи, вештерки и вампири владејат со светот.
Според христијанската митологија петелот симболот на сонцето и светлината, бидејќи неговото пеење најавува изгрејсонце и раѓањето на новиот ден. Тој е и симбол на Христос, неговата светлина и воскресение.
Се верува дека петелот непогрешливо најавува почеток на нов ден, па затоа често се става на оџаците на куќите, каде со својата функција го покажува правецот на дување на ветерот.