дома Верувања и Обичаи Мистерии, легенди и преданија Во Тиквешијата Тапаните сеуште бијат,но само во легендите

Во Тиквешијата Тапаните сеуште бијат,но само во легендите

0

 Во старо време според легендата постоел град со име Тиквеш. Турците не можеле а го освојат и по тримесечна борба .

 Тиквеш бил утврден со ѕидови и кули, чии остатоци постојат и денес. При навлегувањето на Турците, Тиквешани се бореле дури до Јуручка планина, близу до градот Радовиш. Но откако биле разбиени од силната турска армија, војската која останала се вратила во тврдината Тиквеш и оттаму ги одбивала сите турски напади. Со големи воени сили Турците го опколиле градот Тиквеш и одвреме-навреме праќале преговарачи за да ги повикаат Тиквешани да се предадат. На тие предлози Тиквешани одговарале со презир и со оружје. За да ги залажат, тиквешани на големите струења на ветерот поставиле тапани, така што од ветерот тапаните биеле и на тој начин кај Турците се создавал впечаток дека Тиквешани и дење и ноќе се веселат и не планираат да се предадат. Во таква состојба Тиквеш се наоѓал повеќе од три месеци. Тапаните непрестано биеле, а за тоа време населението умирало од глад. На крај една преживеана баба Ружа им ја отворила една под помалите порти на градот и им го предала на Турците, убедувајќи ги дека во градот нема жива душа освен неа. Бесни и навредени од итроста на Тиквешани, Турците навлегле  во  градот и го изгориле  до темел.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version