Чеиз на невестата

0
БЕЗ ЧЕИЗ НЕМАЛО МАЖЕЊЕ И СВАДБА!
Во собата на невестата во нејзиниот дом „накитена“со нејзиниот чеиз ,била достапна за сите да видат колку и каков чеиз таа спремила.
Традицијата за ткаење,везење и плетење на уникатни рачни изработки за домашните потреби одамна се изгуби,како за секојдневните потреби на семејствата ,така и за свадбарски чеиз. Денес многу ретки се девојките кои носат свадбарски чеиз од такви уникатни примероци рачно изработени како:килими,пердињата, чаршафи за маса, милјенца, перничиња, и многу други предмети.
Наместо тоа како некогаш, денес во домовите како декорација се почесто се употребуваат фабрички произведени предмети, кои ги наметнува модата. Нашите прабаби, баби и мајки биле многу вредни,покрај тоа што во куќата и семејството тие претставувале столб и ги извршувале сите работи, не ја занемарувале и рачната работа, која претставувала украс за очите и им ја смирувала душата. После долгиот напорен ден, обврските во куќата, со децата,жената-мајка со рачната работа ,примремала облека за сите членови на семејството.Покрај тоа жената –мајка , спремала руба „чеиз“за ќерките, идни невести ,а во припремата на чеизот учествувала и идната невеста и нејзините најверни друшки(другарки) . Од нивните раце произлегле најсовршени нешта, кои кога ги гледаш, не ти се верува дека се рачно сработени.
До пред некоја деценија чеизот на невестата на денот на свадбата се истакнувал на видно место во нејзиниот дом и бил предмет на оценка од љубопитните девојки и жени од маалото-селото.
Инаку чеизот пред тоа јавно не се прикажувална други лица со цел ,да не биде преземена мустрата „шарата“од други девојки ,туку тој да остане како нешто невидено до тогаш .како ексклузивна изведба.
Денеска напуштена е ваквата припрема на чеизи,а гледајќи го чеизот, денес истиот како „ пропаѓа“ и не се користи ,најчеста забелешка од тие што го спремале може да се чуе зборот „ееј додека ова го спремав очи ми истекова ,а сега сето тоа пропаѓа“.

 

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version