Канење за свадби

0

Четвртокот пред одржување на свадбата бил многу важен ден ,тогаш се започнувале многу почетни свадбени активности ,меѓу кои е и замесувањето на три те погачи.Саботата ден пред одржување на свадбата во недела се поканувало-известувало цело село за свадбата ,тоа се правело со преку така наречените каначи за свадбата . Каначите се на 15-17годиша возраст и во блиско сродство со семејството на младоженецот.Каначите едно машко и две девојки обавезно биле облечени во народна носија .Во торбите за канење се носи картата за канење ,а машкото морал да носи стап со кој ќе се штитат од кучиња.Тие имале задача да го поканат -известат целото село за одржување на свадбата одејќи од куќа во куќа по
ред во секоја во селото без исклучок.Ова канење не е исто со претходно поканетите гости за свадбата ,туку доаѓа како едно известување на населението за свадбата .Затоа тогаш на свадбите присуствувале речиси сите жители од селото .Оваа слика е од 1968г.,време -години кога веќе почнала да се запоставува овој чин.На сликата Љубица Ангеловска,Перо Ангеловски-Пц и( Гордана Нацевска).

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version