Невестинска Торта

0

*НЕВЕСТИНСКА ТОРТА-СВАДБАРСКА ТОРТА
Со векови невестата и младоженецот јa сечат заедно тортата, зошто тоа се прави,односно што значи тој обичај.
Еден од најдолговечните обичаи без кој не поминува ниту една венчавка е моментот кога невестата и младоженецот се хранат меѓусебно со торта.
Во античкиот Рим, а подоцна и во средниот век, гостите свадбената торта ја фрлале кон главата на невестата, бидејќи се верувало дека тоа носи среќа и плодност.
Гостите подоцна се собирале и земале парчиња торта од невестата, и ги носеле дома за среќа. Постои и мит дека девериците своето парче торта го носеле дома и го ставале под перницата преку ноќта, надевајќи се дека тоа ќе им донесе среќа во потрагата за сопруг.
Во средниот век постоела и традиција според која гостите ги ределе тортите и колачите едни врз други и доколку младенците успеале да се бакнат преку наредената кула од торти без да ја срушат, се верувало дека животот ќе им биде полн со благосостојба.
Со текот на времето во тортите почнале да ставаат и овошје како симбол на плодност, а се верувало и дека невестата ќе донесе плодност ако сама ја исече тортата и ја подели со гостите. Кога почнале да се прават торти на повеќе катови, на невестата и требало помош за да може да стигне да ги послужи сите гости до полноќ.
Младоженецот почнал да помага и така сечењето на торта симболички почнало да се смета за нивна прва заедничка задача и почеток на нивниот заеднички живот.
Потоа овој обичај бил дополнет со меѓусебно хранење со торта како симбол на обврзување, грижење еден за друг, и славење на нивниот нов заеднички живот.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version