Свадбата на Благоја-Баже и Ленче Николовски(Аџиевски) во 1979 година .За свечаниот чин на венчавањето се практикуваат повеќе обичаи врзувањето на рацете со басмо-ткаенина што ги донесуваат и кумот и старејкото се„врзуваат-соединуваат “младите за навек“ ,ама со тоа и младата го прифаќа младоженецот како главен во куќата.При венчавањето младите прават три круга при тоа кумот и старејкото и тие се движат во круг позади нив ,а еден од нив секогаш ја подметнува ногата меѓу младите со цел невестата да не го нагази младожењата.Ако дојде до тоа,невестата да го нагази младоженецот, тоа значело дека таа ќе биде главна во куќата.
