На 18 август 1943 година на Славеј Планина е формиран баталјонот Мирче Ацев како прва регуларна воена единица на Македонија во согласност со традициите на Разловечкото, Македонското (Кресненско) и Илинденското востание.
Имено, баталјонот се формира со наредба на Штабот на II оперативна зона, а го сочинувале борци од одредите „Даме Груев”, „Димитар Влахов” и други од подрачјето на Западна Македонија.
Овој ден со одлука на Владата на РМ на 3 јуни 1993 прогласен е за ден на АРМ.
