БАДНИКОВО ГРАНЧЕ

0

Божик и славите се најпрославуваните празници кај нас. Наследени се од старинските религии, а со текот на времето се христијанизирале, па во нив се вметнати разни христијански симболи и ритуали. Овде спаѓа и сечењето на бадниковото гранче

За Бадник традиционално домот се украсува со бадниково гранче. Неизбежниот симбол на Бадник го симболизира здравјето, го слави животот и вечната среќа.

Според народните верувања, токму со ова дрво праведниот Јосиф запалил оган за да го затопли штотуку родениот Исус и неговата мајка Марија.

Бадниковото гранче уште се нарекува дрво на животот, исто како она дрво на животот во рајот што симболично дава вечност.

Група наши сограѓани во рид по дабови гранчиња

Дрвото треба да се исече на посебен начин. Според народното верување, косо се засекува со секира, и тоа од источната страна. Се сече со 3 силни удари, а она што нема да биде пресечено од секирата се довршува со раце. Притоа важно е пресеченото дрво да падне директно на земјата бидејќи се смета за лош знак ако падне на некое друго дрво.

Огнот кој се појавува со горењето на бадниковото гранче би требало да ни помогне и да донесе плодност, а според обичаите огнот не треба да се разгорува со дување.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version