дома Верувања и Обичаи Празници: Обичаи, народни верувања, традиции Денес-Духовденска Задушница (“Мртва Сабота“),утре ДУХОВДЕН-СЛЕГУВАЊЕ НА СВЕТИОТ ДУХ

Денес-Духовденска Задушница (“Мртва Сабота“),утре ДУХОВДЕН-СЛЕГУВАЊЕ НА СВЕТИОТ ДУХ

0
ДУХОВДЕН-СЛЕГУВАЊЕ НА СВЕТИОТ ДУХ ВРЗ АПОСТОЛИТЕ И ФОРМИРАЊЕ НА ЦРКВАТА
Празникот Духовден спаѓа меѓу големите Господови празници. Меѓу народот е познат со повеќе имиња, како Дуовден, Доедни, Свети Дух, Света Тројца, Педесетница итн. Се празнува десет дена по Спасовден (Вознесение Христово), а педесет дена по Велигден (Воскресение Христово)
Во народот овој празник најчесто е поврзан со душите на умрените, а и обичаите што се изведуваат на овој ден се поврзани со тие верувања.
Духовден е христијански празник посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и формирањето на Црквата.
На овој ден се исполнило Христовото ветување за доаѓањето на Светиот Дух (Духот на Вистината, Утешителот, Силата одозгора, ветувањето на Таткото) што Христос им го даде заповедувајќи им на апостолите да не се одалечуваат од Ерусалим додека тоа не се случи.
На овој ден Христовите апостоли беа облечени со силата на Светиот Дух и комплетно оспособени да бидат Христовото тело на Земјата.
На овој ден апостолите, од здружение на граѓани, откако го примија Светиот Дух беа трансформирани во Христова Црква.
На овој ден, по Петровата проповед, се крстија околу 3000 души и славно беше формирана првата Христијанска Црква.
Затоа овој ден е наречен Роденденот на Христовата Црква.
ОБИЧАИ
Поголемиот дел од обичаите веќе се напуштени ,ги споменуваме само да се знае како било,а еден дел од нив и денес се обавуваат.
Во петок , пред зори меселе мали благи лепчиња(тутриња,а некаде ги викат и мантии), кои пред да се раздени се носат на соседите и на пријателите. Тие треба да се изедат на гладно за да им се најде на тие што не се живи. Лепчињата треба да бидат меки, благи и топли како душата. Потоа попладне се посетуваат гробовите на починатите членови од семејството каде што се носат посни раздавки.
Во сабота наутро, освен продуктите за раздавање, кои се делат за да му се најде на покојникот, се носи и пченица и вино..
В недела, пак, по полноќ, на гробишта се носат млади гранки од оревово дрво, со кои се поминува целото гробно место. Порано се носеа бардачиња и каленици од глина, кои се полнеа со јагоди и цреши. Сега тие се заменети со стаклени или керамички садови кои може да држат вода, а се даваат на најдобриот пријател на покојникот. Важно е еден од продуктите што се даваат за душа на покојникот да биде домашен, односно да е замесено лепче или пита или нешто што многу го претпочитал покојникот.
Задушница, заедно со обичајот Духови, е празник кога живите се молат и им оддаваат почит на мртвите, бдеат преку ноќ на гробовите, раздаваат “за душа”, да им се најде на оној свет.
Животот не завршува со смртта. На задушница се молиме за проштевање на гревовите на мртвите, кои можеби се во пеколот, оти тие самите не може да измолат прошка. За извршување на обредите се потребни само четири работи што верниците треба да ги донесат на гробовите: варена пченица, лепче, црвено вино и свеќи..
На овој ден во Илинден во недела во раните утрински часови –ноќта се оди на гробиштата околу 2 до 3 часот и се останува на таму до разденување .По обавување на обичаите ,кои се одвивале над гробот на своите починати , порано сите присутни седнувале на заедничка „трпезана земја“ при што секоја од домаќинките раздавала одредени предмети Бардачиња и други глинени производи,тањири ,чаши,храна и друго за да им се најде на покојните.И денес раздавањето на такви предмети се изведува ,само тоа се прави на друг начин.
За овој обичај во последните години од црковни лица се погласно се пропагира дека треба да се напушти и дека одењето да се посетат вечните живеалишта на нашите најмили треба да се обавува во сабото претпладне ,кога и свештеното лице ќе го отчати гробот.Но, народот тешко ги напушта традициите од минатото и сега барем во Илинден се јавува расцепканост некои одат во сабота денски, а некои во рано на сабајле околу 3 -4 часот  во  недела. Тука сега треба до израз до дојдат објаснувањата од свештените лица како е најправилно да се одбележи овој празник.

 

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version