дома Верувања и Обичаи Празници: Обичаи, народни верувања, традиции Игор МС Јакимовски, 27 години верен на верата и традицијата!

Игор МС Јакимовски, 27 години верен на верата и традицијата!

0

 Игор Јакимовски,наш сограѓанин ,офицер на АРМ, долгогодишен активен и познат атлетичар, тренер на најдобриот атлетичар во Македонија Дарио Ивановски.

Тој е рекордер во Македонија по скокови по светиот крст за Богојавление Водици.

Оваа година манифестацијата нема да се одржи поради пандемијата со вирусот, но Игор МС по 28ми пат ќе ја продолжи својата традиција на свој начин. Најпрвин тој ќе влезе во реката Пчиња, катлановско во раните утрински часови како едно мало потсетување на тајните прослави за Водици во времето на комунизмот. Потоа на пладне тој ќе влезе во водите на Вардар кај Камениот мост токму на местото каде ја има стартувано неговата традиција како средношколец во 1994 година.

Од таа 1994 година до денес тој нема пропуштено ниту една година да скока по светиот крст, а планира додека е жив да учествува на оваа за него животна традиција. Досега го нема фатено крстот и во неколку наврати бил многу блиску, но самиот вели дека тоа е во втор план бидејќи самиот чин на учество за Водици го исполнува максимално позитивно ке се чуствува духовно исполнет за цел живот.

-Во овој долгогодишен временски период Игор доживеал многу случки како,но за оваа прилика ќе ја издвоиме само та од 2019 година.

  Кога 15 верници неможеа да го совладаат големиот Вардар и се заглавија на спасувачкото јаже 100 -тина метри подолу од местото од каде што влеговме за крстот.

 Заедно со спасувачите од Црвен Крст Игор влезе уште еднаш во брзите води и за само 5-6 минути безбедно ги извлекоа сите верници на сигурно.

Но, сепак за оваа прилика подетално ќе го опишеме сеќавањата на  Игор за неговиот прв скок за ВОДИЦИ во 1994 година.

Како средношколец во УСО “Никола Карев” на големиот одмор со мојот најдобар школски другар Благој одиме кај класната пред канцеларија.

Професорке, Ве молимееееееееееее да не пуштите од 4ти час па натака, ќе скокаме по крстот во Вардар.

Таа не гледа со неверување, ама знаејќи не како “лошите деца у клас” без размислување не пушта “оправдано” .

Влегуваме во бус, по пат собираме уште еден наш истомисленик – Горанчо и ете не преку плоштад на лице место доле на скалите.

Нестрпливост, неизвесност, адреналин и што уште не во мене.

Тоа беше мојот прв скок по светиот крст кој ќе го памтам како многу поразличен и народен за разлика од денешните организации со многу протоколи.

Тогаш немаше обезбедување, полиција, спасувачи, нуркачи, пријавување, купони во весник, заштитни огради, организирани групи.

Немаше политичари на Камениот мост, немаше долги говори, немаше доцнење со фрлањето на крстот…

Најнормално и спонтано, секој кој што сакаше да скока по крстот излегуваше од масата народ која беше на само 1 метар од Вардар.

Тогаш температурите беа екстремно ниски и во ладните води скокнавме само 20тина верници од кои само тројца бевме под 20 години, останатите беа над 30 и 40 години.

Точно во 12.00 часот, тогашниот Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г.Михаил го фрли светиот крст, а најсреќен беше Новица од с.Ваташа, Кавадарци.

Јас допливав на само еден метар до крстот, но Новица беше најбрз и најумешен.

Тогаш на тие поларни температури кога излеговме сите од Вардар живи и здрави се уверив како дете дека навистина Господ не чува сите што скокавме по крстот.

Заврши целиот чин, пресоблекување на лице место, ранчето на грб и пешки низ чаршија до автобуската постројка на Бит Пазар.

Таму уште пола саат чекање бус накај Марино и ете така си почна мојата децениска света традиција.

На Игор му посакуваме добро здравје уште многу скокови за Бодици,уште поголеми лични спортски резултати.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version