-КАВАДАРЦИ ГЛАВЕН ГРАД ВО ТИКВЕШИЈАТА.
Во едно време Султанот ипратил пратеник да одбере кој град ќе биде главен град за Тиквешијата за време на Османлиската Империја.
Тогаш итрите Кавадарчани испаднале многу биле бистри.
Отишле во Солун го пречекале пратеникот од Султанот, и се понудиле да го однесат најпрво во Неготино , а потоа во Кавадарци, па одлучи кое ќе те бендиса повеќе таму нека биде пашалкот.
Итрите Кавадарчани наместо во Неготино го однеле пратеникот во Демир Капија, а Демир Капија тогаш имала само 5-6 куќи и му рекле ова е Неготино.
И пратеникот изнервиран – “Ова ли е Неготино, не иде во обзир како може ова да биде главен град.
Па го однеле во Кавадарци, кога видел град, куќи убави, згради и други убавини, и рекол е тука ќе биде седиштето, Кавадарци ќе биде главен град на Тиквешијата.