Лазарова сабота

0


Светиот Лазар, брат на Марта и Марија, беше родум од Витанија, близу Јерусалим. Во време на својот живот на земјата Господ Исус Христос често го посетуваше домот на Лазара, кого многу го сакаше и го нарекуваше Свој пријател  

Кога Лазар умре и веќе четири дена бил погребан во гроб, разбрал Исус  дошол до неговиот гроб и пред сите насобрани извикал „Лазаре излези надвор“,по што Лазар излегол воскресна од мртвите и тоа чудо се празнува на денот наречен „Лазарева сабота“.

Лазарова сабота, е голем христијански празник од пролетниот циклус, датумот на овој празник  е променлив  и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред  Велигден.

Во различни делови од Македонија се спроведуваат разни НАРОДНИ ОБИЧАИ.

На овој ден обично се оди на река и се вели: Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене! Дента се бере цвеќе, но не се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Потоа со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните.

Во Македонија групи девојчиња – Лазарки, облечени како невести одат и пеат лазаревски песни, како обичај за големиот празник.

Во скопско лазарките одат од куќа на куќа и пејат песни со кои се благословува домот-куќата,семејството ,имотот итн.,обично тоа го прави една вовозрасна жена и едно или две-три девојчиња од ромска националност.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version