Верскиот Празник Св.Троица ,традиционално одбележан во Бучинци.
Свети Трoица –Православен Храм во с.Бучинци,изграден на почетокот на 20 век.
Овој празник традиционално се празнува ,како селска слава и го прославува секое домаќинство во Бучинци .
На тој ден доаѓат гости од околните села ,поранешни ,а сега отселени жители од селото,се одржува богослужба во црквата.
Кумот за оваа година беше Драгана Трајковска .
За време на ручекот се бира нов кум за следната година по пат на доброволно пријавување на поединци и беше избран Роберт Стојановски-Боби,а во негово оправдано отсуство кумството го прими неговата мајка .
Инаку обврска на кумот е да спреми ручек за присутните гости ,кој се дава за здравје
Исто така поединци си кршат колач за здравје .
