И оваа година Св. Трифун ,заштитникот на лозјата и градините масовно се одбележа во Бучинци.

Овој ден за мештаните од селото и околните села традиционално се дочекува и одбележува со особена радост и почит кон овој нашироко прифатен Светител, како тука кај нас така и пошироко.
Во Бучинци на овој ден се „крши“ колач и се бира кој ќе бид кум за наредната година .
Кумството се изведува по пат на пријавување на заинтересирани граѓани.
На денешната прослава кум беше Слаѓан Ѓорѓиевски , а нов кум за наредната година е Ивица Паневски.