РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА – МАЛА БОГОРОДИЦА.
Среќен роденден Пречиста,
Среќен роденден Пресвета,
Среќен роденден Преблагословена,
Среќен роденден Славна,
Среќен роденден Владичице,
Среќен роденден Богородице,
Среќен роденден Мајко Божја
Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко Ѝ беше од племето Давидово, а мајка Ѝ од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца.
И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо, како што некогаш ги израдува старецот Авраам и старицата Сара подарувајќи им го синот Исак.
И семноќниот Бог Кој што гледа с ѐ ги израдува со радост што ги надминуваше сите нивни очекувања и најубави соништа. Бидејќи им подари не само ќерка туку и Божја Мајка; ги озари не само со привремена радост туку и со вечна. Бог им даде само една ќерка, којашто подоцна им роди само еден внук – но каква ќерка и каков внук!
Благодатната Марија, прославена меѓу жените, храм на Светиот Дух, олтар на Живиот Бог, трпеза на небесниот леб, кивот на светоста Божја, дрво со најсладок плод, слава на родот човечки, пофалба на женскиот род, источник на девственоста и чистотата – тоа беше од Бога даруваната ќерка на Јоаким и Ана. Родена во Назарет, а после три години одведена во храмот ерусалимски, од каде што се врати подоцна пак во Назарет, за наскоро да ја чуе благовеста на Светиот архангел Гавриил за раѓањето на Синот Божји, Спасителот на светот, од Нејзиното пречисто и девствено тело
Меѓу народот овој празник се слави и со живописни обичаи, посебно посветени на раѓањето. Некои семејства во свечено руво, иако не слават и не одат на слава, поголем дел од денот го поминуваат во празнично расположение, посебно во краевите каде се одржуваат панаѓури.

Народни верувања:
Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.
Се верува дека есента и зимата ќе бидат благи, без многу студени денови, ако на денешен празник биде ведро без облаци и ако се види сонцето поголем ден од денот.
На Мала Богородица , исто како и на Голема, според народните верувања, постојат одредени забрани.
Жените така денес не би требало да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи.
На денешен ден не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.