Св. великомаченик Мина.

0

Свети Мина беше по род Египѓанец, а по професија војник. Подоцна ја напушти службата и се повлече на пусто место, и полека, преку пост и молитва, сé повеќе му се приближуваше на Бога, кој му даде дар да ги гледа работите што се случуваат на далечина.

На тој начин, тој го виде незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па слезе во градот и го разобличи поклонувањето на идолите. Затоа беше ставен на маки, и најпосле му беше отсечена главата.

Свети Мина особено се прослави како застапник пред Бога по напуштањето на земниот живот, слично како свети великомаченици Димитриј и Ѓорѓи.

Св. Мина пoстрадал oкoлу 304 гoдина и сe прeсeлил вo царствoтo Христoвo. Нo бил и oстанал гoлeм чудoтвoрeц вo двата живoти, и на зeмјата и на нeбoтo. И кoј да гo славeл св. Мина и вo нeвoлја сo вeра гo пoвикувал на пoмoш, нeму тoј и му пoмагал. Пoвeќeпати сe јавувал какo бoрeц на кoњ за да им пoмoгнe на вeрницитe или да ги казни нeвeрницитe.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version