Св.Марко

0

Роден е во Ерусалим. Според едни бил ученик на светиот апостол Петар, според други е еден од 70-те Христови ученици. Мајка му била побожна христијанка, сестра на апостолот Варнава. Во нејзиниот дом се собирале христијаните за молитви, а во нејзината куќа се одржала и светата Тајна вечера на Исус со апостолите.

Светиот апостол и евангелист Марко се дружел со светите апостоли Петар и Павле, со нив прошетал многу места каде што го ширел Христовото учење како што се Кипар, Рим и дуги места. Во Рим, под директно влијание на св. Петар го напишал Евангелието, за кое се тврди дека е напишано десет години по Христово Вознесение.

Истражувачите истакнуваат дека ова евангелие било напишано за читателите од нееврејско потекло. Папиј, кој пишувал околу 130-тата година од н.е. укажува на Марко како на толкувач на Петар кој пак „точно ги помнел и запишал Христовите зборови и дела“.

Како посветен проповедник апостол Петар го испратил во Александрија,каде што станал Епископ и со својата активност ширејќи го христијанството придобил многу луѓе .Основал црква поставил епископи,свештеници и ѓакони.За време на жестокиот прогон на христијаните маченички настрадал.
Неговиот спомен се празнува на 8 маји не се смета за тежок празник.Обично мажите работеле, а жените го држеле за празник.

Но сепак постои верување дека овој празник не треба да се работи за заштита од град. Се верувало дека ако работат град ќе го отепа полето. Поради тоа никако не влегувале во бавчата или во лозјето. 

Според народното верување ако на Ѓурѓовден некој го дочекал утрото во постела или тој ден некој му предал сон – значело дека во текот на целата година ќе биде дремлив, а можеби и болен – тој треба да отспие и на Марковден, зошто така ќе се „излечи“ од поспаност и болест.

Ако не сте дремнале на Св. Ѓорѓи, немојте ни на Марковден зошто цела година ќе бидете троми и поспани.

Значи, ако не сте го преспале Ѓурѓовден, вечерва легнете во некое нормално време, за да се разбудите наутро наспани и весели, а ако сте го преспале Ѓурѓовден вечерва легнете кога сакате и слободно преспијте го и Марковден.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version