СВЕТИ НИКОЛА –ЛЕТЕН

0
ДЕНЕСКА Е СВЕТИ НИКОЛА -ЛЕТЕН
Пренос на моштите. Во времето на царот Алексеј Комнен и на патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител беше пренесено од Мир Ликиски во градот Бари во Италија. Тоа се случи заради навалата на муслиманите на Ликија.
Светителот му се јави во сон на некој чесен свештеник во Бари и му заповеда неговите мошти да се пренесат во тој град. Во она време градот Бари беше православен и под православен патријарх. При преносот на моштите на Светителот се случија многу чуда, како од допирот на моштите така и од мирото коешто изобилно се лееше од нив.
На овој ден според верувањата никако не смее да се пере облека, да се чисти куќа или да се работата куќни работи.

 

Пренесување на моштите на Свети Никола

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version