УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦA, ОД ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ БОГОРОДИЧНИТЕ ПОСТИ
Од денес почнува Богородичниот пост кој е востановен во чест на Христовото Преображение и Успението на Пресвета Богородица и трае само две седмици. Се пости на следниов начин: во понеделник, вторник, среда, четврток и петок не се јаде масло. Масло се употребува само во сабота и недела. Риба се разрешува само наПреображение.Треба да нагласиме дека ова е општо правило на Црквата , а на секој му се одредува неговото лично правило со согласност и благослов надуховниот отец.
Тоа што го одредила Црквата е царски и духовен пат кој води во вечен живот. Оние кои сакаат да постат нека внимаваат да не се натоварат со поголемо бреме од она што Црквата го наредила. Оние кои никако не постат, нека почнат да постат, ако мислат да се спасат и душата да им влезе во царството небесно. Но, тие не можат веднаш да го земат целото правило, а потоа, со текот на времето, ќе се трудат, а Господ ќе им помогне да го примат целосното правило, па така по некое време и тие ќе постат уредно.
Имајте лесни, богоугодни и спасоносни пости! За многу години