Охридското Езеро е со најголема просечна длабочина (155 м) во Европа, а 14-то во светот. Тоа е меѓу 10-те најдлабоки (289 м) езера во Европа и меѓу 50-те најдлабоки во светот. Поради големата длабочина, подлабоко од 100-150 м не може да допре сончевата светлина и таму владее потполн мрак. Меѓутоа, во Охридското Езеро има организми навикнати и на такви услови и прилагодени за живот во потполн мрак.
