дома ЗАБАВА Дали знаете ИМЕТО СКОПЈЕ од1392-1912

ИМЕТО СКОПЈЕ од1392-1912

0

Од 19 јануари 1392 година градот Скопје од Османлиите го добило името Ускуп (Üsküp) и се до 1912 година кога подпаѓа под српска власт и добива име Скопље. Во изворите за историјата на градот стои дека во манастирот Св. Тодор било испишано од раката на непознат монах:

 »В лето 69 сатно… к’ди Турци пријаше Скопие, месеца гоневера« (според новиот календар 19 јануари 1392 година) Скопската околина му припаѓале на кралот Марко, по долината на денешна Маркова Река и на кралот Андријаш по долината на реката Треска. Имотите на Марко и неговиот брат, уште некоја година задржале автономија поради нивниот вазален статус. Областа на Андријаш, под турска власт паднала во летото 1394 год., и тој заминува во Дубровник, а потоа на унгарскиот двор, а териториите под власта на кралот Марко целосно биле анектирани кон Османлиската држава по смртта на кралот Марко 1395 година.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version