Медот претставува 100% природен пчелин производ добиен со собирање на нектар од различни цветови или секрети од листови на дрвјата, на кого ништо не му е додадено или одземено. Денес, заради зголемената побарувачка на природен мед на пазарот, честа е појавата на фалсификуван мед. Под фалсификуван мед се подразбира мед произведен со интензивно хранење на пчелите со шеќерен, глукозен или скробен сируп, при што пчелите истиот го преработуваат во инвертен шеќер.
КАКО ДА ГО ПРЕПОЗНАЕМЕ ВИСТИНСКИОТ МЕД
-Ако го размачкате на прстите не треба да се лепи,лажниот се лепи
-Ако ставите лажичка мед во чаша вода треба да пропадне на дното и да остане таму,лажниот мед веднаш се меша-раствара со водата
-Ако после некое време кристализира,лажниот не кристализира
-Ако ставите малку вата во медот ќе гори,а лажниот не гори
-Ако ставите капка мед на прст ќе остане на место,лажниот ќе протече по прстот
-Ставете малку мед во микробранова печка на висока температура,вистинскиот ќе се карамелизира ,а лажниот ќе биде полн со меорчиња
-Ставете мед пред мравки ,ако е вистински тие нема да го допрат
-Ставете мед на салфета, ако околу медот започне да се влажна површина, тоа е знак дека медот е разблажен
-Ако ставите чист чист мед на парче бајат леб и по 10 минути парчето леб треба треба да остане цврсто,ако омекне кај што стоел медот значи дека истиот е разблажен
Користени повеќе извори