Мостот бил изграден уште во турско време, но бил дрвен, сè додека во 1950-1953 година за време на колективите, одговорните го натерале еден селанец со претоварена воловска кола со снопови, да поминува преку него. Тогаш мостот се преполовил, воловите и тој паднале во реката, а само се спасила неговата ќеркичка која токму пред мостот слегла од колата да наполни вода од реката. Воловите заради повредите биле заклани, а селанецот, од паѓањето здобил незначителни повреди во рбетот. Тогаш селаните одлучиле да се изгради друг мост. Тој е граден под водство на мајсторот Џуладин од Лабуништа, Струшко.
