Да, станува збор за единствениот остров во Република Македонија, на Преспанското езеро.
Со оглед дека не се наоѓа во некој фреквентен воден простор, туку е „скриен“ во езерото, природно непристапен, ниту, пак, некогаш бил укрепуван, на Голем Град имало идеални можности за збег на луѓето од брегот.
Камени ѕидови без малтер, широки 1,5—2 м, се гледаат околу двете пристаништа, бранејќи го пристапот кон внатрешноста. Во јужниот дел се следи обѕидие околу еден внатрешен ринг, со обем од 2 ха. До него е укрепено главното пристаниште на југоисточниот брег, а недалеку, северно од него, се наоѓа кула.
Голем Град бил привлечно место во римската епоха и во средновековието, за што се потврда двата откриени слоја на гробови кај црквата Св. Петар (14-ти век) и кај темелите на црквата Св. Димитрија.
Ранохристијанската епоха, односно христијанизацијата на таа античка населба започнува некаде кон 4-от век, кога се градат ранохристијански базилики. Една од нив дури има и мозаик. Пронајдени се и многу монети од 3-от век пред новата ера, од населби кои тргувале со овој остров, потоа монети од градовите на грчки колонии од Јадранскиот брег, од римската епоха, од рановизантиската, односно од времето на Јустинијан. Исто така е пронајдена и сребрена монета во еден од гробовите од времето на Волкашин, а во цистерната- црква монета од унгарски владетел.
Голем Град, природна реткост со високи карпести рабови (до 30 м.) и специфична клима, изобилува со разновидни ендемични растенија. Најмногу е застапено шумското растение фоја (Juniperus ekcelsa), кое вирее и на самите карпи.
Според биолошките форми најзастапени се терофитите, односно едногодишните растенија. Ретко се сретнува црн габер, македонски даб и благун.

Голем Град претставува редок резерват каде што се размножуваат во светот ретки видови на габи. Освен неколкуте видови на плодородни растенија, на островот се застапени сливата, црницата, дренот, шипот, лозницата, смоквата и други.
Островот го сретнуваме и со име како змијски остров затоа што на истиот живеат голем број на змии.
Искачувањето на островот е можно само на две места, на
северозападниот и на југоисточниот крај, каде постојат мали плажи и пукнатини
во карпите до кои може да се пристигне со чамец. Островот лежи скриен во
езерото, со идеални можности да послужи како збег на луѓето од брегот во повеќе
наврати во минатото.
Островот Голем Град се наоѓа на околу 2 км од брегот на езерото (Пречна
планина). Островот е долг 750 m, а широк 450 м. и
од сите страни островот е заобиколен со
карпи и клифови со височина 20 до 30 метри. Над нив се оформува плато со две
возвишенија на северниот и јужниот дел на островот. Меѓу возвишенијата има
седло кое на бреговите завршува со мали заливи. Овие два заливи се единствените
места од кои може да се пристапи на платото.