дома ЗАБАВА Детски игри во минатото Игра ,,Долга магарица”

Игра ,,Долга магарица”

0

Долга магарица беше една од најпопуларните, но и погруби игри од детството. Принципот на играта се состоел во тоа да се формираат две групи со ист број учесници. Едниот тим скока врз припадниците од другиот тим, чии членови се поврзани во „синџир“, кој е направен на начин на кој главите им се наоѓаат помеѓу бутините од членот на екипата кој се наоѓа пред нив.
На почетокот од синџирот се наоѓа еден неутрален играч, тн. „перница“, кој обично е потпрен со грб кон ѕидот. На неговите испружени раце, кои ги држи пред себе со дланките свртени нагоре, првиот член од синџирот ја става главата на неговите дланки.
Членовите на противничкиот тим скокаат врз ривалите, кои не смеат да паднат. При скоковите, тие малку погрубо скокаат врз нив, со цел да потклекнат под притисокот. Секако дека при оваа игра има многу некоректни потези, па најчесто „перницата“ е и судија во оваа игра.
Оваа игра беше популарна меѓу децата, кои ја играа за време на големите одмори или по часовите.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version