дома ЗАБАВА Детски игри во минатото Игрите ,,ВИС” и ,,Сакате ли војна”

Игрите ,,ВИС” и ,,Сакате ли војна”

0
сликата е превземена од еклер.мк

ИГРА: ГРАНИЦА (ВИС)
Краток опис: Потребни се два тима од по минимум тројца. Едниот тим ја брани својата територија, а другиот тим пробува да ја освои.
Правила: Оние кои пробуваат да освојат територија, не смеат да дозволат да бидат „фатени“ од спротивниот тим. Во тој случај тие стануваат нивни „затвореници“ и за нив играта завршува. Тимот кој освојува, победува само ако една или повеќе личности стапнат во однапред определениот центар на територијата на спротивниот тим. Тимот кој се брани победува ако ги „зароби“ сите припадници на спротивниот тим.

ИГРА: САКАТЕ ЛИ ВОЈНА?
Краток опис: Потребни се два тима од по минимум петорица кои ќе стојат едни спроти други на поголема далечина.
Правила: Припадниците на двата тима се поставени едни спроти други, така што оние од ист тим се еден до друг и се држат за рака. Првиот тим вели: „САКАТЕ ЛИ ВОЈНА?“ На тоа вториот тим враќа: „САКАМЕ!“ Тогаш првиот тим прашува: „ОД КОГО?“ И вториот тим избира една личност од припадниците на спротивниот тим. Тогаш таа личност мора да се затрча накај нив и да се обиде да го „скрши“ ѕидот така што ќе помине помеѓу двајца играчи без да биде задржана. Доколку го пробие ѕидот одбира еден играч од тој тим кој ќе го однесе во својот тим. Но, доколку биде задржан останува на местото каде што не успеал да се пробие. Победник е оној тим кој ќе успее да ги собере сите играчи кај себе.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version