ЗОРАН ТРПЕВСКИ,жител на Илинден, покрај музиката ,сликарството има уште едно хоби, а тоа е неговата љубов кон природата ,односно одгледување на птици од посебен вид.
Во посебно уредено место во својот двор, тој со голем мерак, создал услови заодгледување на егзотични птици ,Пауни и други.
Во посебно уредено место во својот двор, тој со голем мерак, создал услови заодгледување на егзотични птици ,Пауни и други.
Денес Зоран малку повеќе ќе не запознае за основните карактеристики на Паунот
Како што ни кажа, паунот е егзотична тропска птица со потекло од источните предели на Индија,но веке е оддомакинет и низ целиот свет,основното латински име му е ПАВО КРИСТАТУС но има и вариации одноцно вкрстување со цел да се добие пошарена врста во која спагаат црнокрил и бел паун со латинско име ПАВО МУТИКУС.
Со започнуване на пролетта машките пауни се јавуваат со силен и продорен глас со сто ја означуваат сезоната на парење.
Машкиот паун е со долга опашка која ја добива после третата година,а женката по боја е кафена и нема живописни бои.
Женката почнува да носи јајца од Мај па се до Август и може да снесе до 15 јајца.
Инкубацијата траје 28 дена, а може да ги лежи и мажјакот, но се подметнуваат и под кокошка,мисирка и тн.
Малите пауни во почетните 4 до 5 месеци не се разликуваат половно, но потоа добиваат по некоја шарка, по која се разликуваат.
Во поглед на исхраната тие се хранат со пченка,концетрат трева плодови инсекти и др.
Ова хоби е преубаво, но покрај меракот е потребно и многу знаење за природата на паунот, што придоненесува за успех во нивното одгледување.