Изградбата на браната била обемна и бил
колективен потфат, капитален проект на своето време, но најзаслужен за
нејзината изградба е проф. Д-р Миладин Пеќинар идејниот автор на проектот,
проектант и човекот што вршел надзор на изградбата. Кога браната била готова
Пеќинар застанал на нејзиниот врв и извикал: „Ако отиде браната нека отиде со
неа и тој што ја замислил“.