дома ЗАБАВА Занимливости БЕЛСКИ ДАБ ,,Благун“

БЕЛСКИ ДАБ ,,Благун“

0

БЕЛСКИ ДАБ ,,Благун,, постар од 600 години и е еден од најстарите во Европа.Дабот ,,Благун,, кај село Бели прогласен за природна реткост на природата.

Се наоѓа во дворното место на Белкиот манастирот „Свети Илија“ кај селото Бели – Кочанско.

Единствен по својата раскошност и големина, веќе седум века чувар на историјата на селото Бели.Староста на дрвото се проценува на околу 680 години.Според мерењата, обемот на дрвото е околу 10 метри, а распонот на гранките близу стотина метри.

Во 2012 г, дабот бил погоден од гром, неговото стебло било опожарено и претрпел големи оштетувања, една од гранките која била најдолга, се скршила, а на тоа место се појавила огромна дупка. Дел од дабот почнал да се суши, а месното население често во дупката барало спас од ненадејниот дожд или ветар. .За да се заштити од натамошно пропаѓање, како еден од ретките природни споменици во државата, пред неколку години, со финансиска поддршка оштетувањето е санирано.2019 г. дабот е прогласен за природна реткост на природата.(покрај :Црната дудинка од Лесново, геолошки – Звегор, Киселичката пештера и Чинарот во Охрид)

Белскиот даб е сведок и на егзекуцијата на 10 жители од селото кои биле убиени во 1912 г. од турската војска, бидејќи го дигнале својот глас против османлиската Империја.

На влезот од манастирот “Св. Илија” стои спомен-плоча како сеќавање на тој настан.

Приказна за смокот

Во дабот се верува дека живеел смок којшто бил долг околу два метра и честопати излегувал пред посетителите на манастирот, па меѓу народот бил познат како „Светијата“ и затоа никој никогаш не се обидел да го убие или избрка.Еднаш, за Илинден,кога дошле голем број верници во манастирот, смокот излегол од дупката и се искачил високо во гранките и таму останал цел ден, сè додека и последниот верник не си заминал. Со затворањето на дупка од дабот во 2004 г. смокот излегол ,сепак, мештаните веруваат дека тој нашол друг отвор и сè уште живее во дабот, белското свето дрво.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version