дома ЗАБАВА Занимливости ЦРНО ЕЗЕРО-ШАР ПЛАНИНА

ЦРНО ЕЗЕРО-ШАР ПЛАНИНА

0

Црно Езеро се наоѓа јужно од врвот Бристовец (2675 m). Сместено на надморска височина од 2170 метри. Зафаќа површина од 33.520 m2 и претставува второ глацијално езеро по големина на Шар Планина.  Езерото има должина од 248 m, а широко е 185 m. Длабочината на езерото се движи околу 6 метри. Со вода се храни од топење на снегот и од неколку извори кои се наоѓаат на јужниот крајбрежен дел.

Непосредно до Црното Езеро, се наоѓаат уште две помали езерца (локви). Поголемото езерце се наоѓа на височина од 2350 m и има должина од 30 m, ширина од 15 m и длабочина од 1 m. Малото езерце се наоѓа непосредно до Црното Езеро. Езерцето е во завршен развоен стадиум, има пречник од 2 метри и длабочина од 0,5 m. Од ова езерце тече поток кој се влива во Црното Езеро.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version