дома ЗАБАВА Занимливости ЕВЛИЈА ЧЕЛЕБИЈА

ЕВЛИЈА ЧЕЛЕБИЈА

0

Евлија Челебија   — славен отомански патописец кој патувал низ териториите на Отоманската империја и околните земји во период од четириесет години. Патописите на Челебија се особено значаење за историографијата на Македонија за овој период, бидејќи истите даваат увид во нивниот изглед, дух и локалниот начин на живот во тоа време, кој инаку би го немале.

Челебија е роден како Мехмед Зили на 25 февруари  1611 во Цариград, во семејството на дворски јувелир. Како таков тој се стекнува со одлично образование. По првичните тури низ Истанбул во кои прави белешки за згради, пазари, обичаи и култура, во 1640 Челебија првпат патува вон градот.

Неговата збирка записи од сите негови патувања е сместена во десет тома и е наречена „Патопис “ (Сејахатнаме). Многу од описите на Челебија се одликуваат со огромен број детални забелешки кои се општоприфатени како водич низ културните аспекти и начинот на живеење во Отоманската империја во 17век. За жал неговите патешествија никогаш никаде не се преведени и издадени во целост. Ова е случај и во Македонија.

Починал во Каиро некаде по1682  г.

Челебија посетил разни места во Македонија за кои оставил детални записи.

Инаку што се однесува до описите на Скопје, Челебија многу прецизно ги опишал тогашните урбани јадра на градот,и се смета дека тоа се најдобрите записи од ваков вид кои се направени во 17 век. Тој дава генерална слика за местоположбата на Скопје,детаљно се задржува на Чаршијата, на скопските маала(дури наведува дека на број се седумдесет), амамите, џамиите, тврдината, пазарите,Безистенот, Камениот мост.
Евлија Челеби посебно ги опишува Градот (тврдината) и Подградието (Чаршијата), како и пошироката околина. По восхитувачкиот опис на тврдината, вели дека во Чаршијата има околу две илјади дуќани, и дека таа е многу привлечна. При тоа, тој прецизно вели:
“Има околу10.060 прекрасни куќи, високи и ниски, градени од тврд материјал. Куќите се убаво украсени и покриени со црвени ќерамиди.

Во негова чест е именувана улица во Скопје.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version