Пред да ја подигне оваа велелепна зграда во тоа време, Ибни Пајко трговец изградил џамија која се наоѓала во близина на зградата, во познатото Пајко Маало.
Џамијата ја изградил со цел да им се додвори на муслиманите и да оствари поблиски врски со власта, за подобро да му оди трговското работење.
Во 1938 година, во непосредна близина на џамијата била подигната зградата на познатиот Дом Ибни Пајко. Познавачите на историјата на објектите во градот тврдат дека Ибни Пајко датира од предвоените времиња како модерно здание градено во стилот на архитектот Корбизие. Таа е градежен фрагмент од познатото Пајко Маало, кое, пак, било најголемото и најпознатото маало во Скопје, кое се простирало меѓу реката Вардар од една страна и Покриената чаршија и Карадаг маало од другата страна. Во состав на ова маало спаѓало и Егид Пашино маало кое било поголемо.
