Се сметало дека бурекот е султанско јадење, според историските податоци, најпрвин султанот се гоштавал со овој специјалитет на својата трпеза. Така како што му прилега на еден султан. Тоа се случило во 15 век, а оттогаш наваму бурекот доживеал најразлични модификации, за да се појави во формата каква што ја познаваме денес. Истражувачите на оваа проблематика велат дека во почетокот на 16 век, во 1502 год. постоел и законски пропис за тоа како тој требало да се приготвува, според кој рецепт. Во тој период, за приготвување на бурекот не смеело да се користи друго месо освен овчото. Подоцна прописите дозволиле бурек да може да се приготвува да се и со пилешко или со други додатоци. Најпрво буреците имале форма на квадрат, а покасно започнаало да се прават тркалезни како денес.
А,што значи името – бурек, се претпоставува дека зборот „бурек“ значи – чалма! Како што чалмата е составена од повеќе свиткани пластови платно, така и бурекот е составен од повеќе пластови кори!
Отсекогаш постоело мислењето дека бурекот е јадење за богатите, и дека специјалитетот не може да си го дозволи секој. Некогаш, „тепсија бурек“ значеше вистинско богатство, а во предземјотресното Скопје посебно доживување беа трошките од бурек завиткани во хартиен фишек.